Достапни линкови

Изборите се шанса да се ослободиме од политизацијата на правосудството, велат судиите


За осумте места има 53 кандидати, а за гласањето и кога ќе бидат познати резултатите, говори Рахилка Стојковска претседател на Комисијата надлежна за изборот на судии:

„Имаме сознание дека се се одвива како што треба, а резултатите ќе бидат познати тогаш кога ќе ги добиеме сите материјали. Однапред не можам да ви кажам затоа што законскиот рок дозволува материјалите да ни бидат доставени до утре, значи 24 часа по роковите кои што се дадени за составување на записник или три часа по затварањето на избирачките места. Дали ќе се придржуваат сите до овие рокови или порано ќе ги донесат материјалите, неможам да ви кажам.“

Целта на уставните измени, усвојувње на законите што овозможија да има поинаков состав на Судскиот совет е деполитизација на овој сегмент на власта. Судиите велат, и да има влијание од политичките субјекти ова е шанса да се покаже дека тоа повеќе не е можно:

„Правосудниот систем во Македонија за прв пат треба да докаже еден висок степен на самостојност и независност. Досега ниту во изминатиот временски период, мислам на периодот од кога беа распишани изборите, па до нивното денешно спроведување, нема никакви притисоци или лобирања во смисла кој кандидат да се избере.“

Изјави судијата Лазар Нанев од Основниот суд во Кавадарци. Ленче Софрониевска актуелен претседател на Републичкиот Судски Совет во однос на прашањето дали имало политички барања вели:

„Па моето работно место што сеуште се наоѓам на чело на РСС немаше ниту причина, ниту потреба некој да се јавува. Значи што се однесува до мене, ниту еден не се јавил кај мене да инсистира на поединечни решенија и затоа најбитно е сега во пракса да се покаже, дали нашето судство е на ниво на независност или „тоне“ некаде далеку и ќе треба да се бори уште долги години за својата независност.“

Новиот Судски совет на Република Македонија согласно со уставните измени го сочинуваат 15 члена од кои по функција членови се претседателот на Врховниот суд, министерот за правда, тројца избира Собранието, двајца предлага претседателот, а ги избира Парламентот и осум членови бират судиите.
XS
SM
MD
LG