Достапни линкови

Скепска околу усогласувањето на ставовите


Се што е во функција на подобрување на работата на Парламентот, го поддржуваме, но скептични сме дека ќе се најде заедничко усогласување на ставовите околу тоа кои закони треба, а кои не треба да се гласаат со Бадентерово мнозинство, реагираат пратениците на предлогот на евроамбасадорот Ерван Фуере, да се формира листа на закони за кои однапред ќе се знае дека треба да гласаат мнозинство од присутните пратеници на етничките заедници.

„Треба да се препрочита Рамковниот договор и да се утврди, но дали има волја и кај едната и кај другата страна, тоа треба да се види,“

вели Есад Рахич од Социјалдемократскиот сојуз, додавајќи дека
треба да постои посебна институција која ќе утврди дали
за некој закон е потребно или не Бадентерово мнозинство.
Од Демократската унија за интеграција чии пратеници тврдеа дека и за законот за полиција е потребно Бадентерово мнозинство, велат дека не може да се предлага таква листа, ако нема список на закони кои владата ги предлага до Собранието.

„Ние мислиме дека Уставот и Охридскиот договор е многу јасен. Проблемите се затоа што владата има ригиден однос кон законите што треба да одат со Бадинтер.“

вели потпредседателот на ДУИ, Рафиз Алити

Од Демократската партија на Албанците се категорични. Се што е препорака од ,еѓународната заедница, ќе биде поддржано од наша страна, вели Ружди Матоши од ДПА.

„Ќе дадеме максимум да ги спроведеме сите точки што се ставени за Македонија, ДПА како влада ќе ги спроведе.“

изјави Ружди Матоши

Не дека не е јасна оваа одредба во Уставот, туку се работи за автентично толкување од страна на секоја партија, креирано од партиските интереси, велат политичарите. Во Уставот се вели дека Бадентеров принцип е потребен само за проекти кои директно се однесуваат на културните и националните прашања на заедниците. Во интевјуто за радио Слободна Европа, евроамбасадорот во земјава, Ерван Фуере посочи дека таков список на закони е корисен предлог оти ке ги истакне областите кои ги засегаат двата различни дела на општеството и ќе го одрази духот на охридскиот рамковен договор, кој споре Фуере беше воспоставен за да ги натера двете различни заедници да работат заедно и да гарантира дека правата и обврските на секоја заедница ке бидат целосно.
XS
SM
MD
LG