Достапни линкови

logo-print

Солун: Денеска промоција на букварот на македонски јазик


Букварот на македонски јазик во Грција по минатонеделната промоција во Атина денеска треба да биде промовиран и во Солун. Промоцијата е во организација на Европското биро за помалку употребувани ајзици, неговиот грчки комитет и партијата на македонците во Грција Виножито. Атинската промоција на Букварот мина под силно полициско обезбедување и протести на група ултранационалисти од грчката Златна Зора. Ова е второ издание на букварот на македонски јазик во Грција, а првото пред 80 години под налог на Друштвото на народите го издаде грќката влада, но набрзо го повлече и уништи.
XS
SM
MD
LG