Достапни линкови

Брисел: Дводневен состанок на министрите за надворешни работи


На дво дневен состанок во Брисел министрите за надворешни работи и за одбрана на Европската Унија се очекува да донесат одлука за значително редуцирање на своите сили во Босна. Се проценува дека тоа сепак ќе биде условено од регионалниот политички развој на балканот вклучувајки ја ситуацијата на Косово. На состанокот кој во Брисел започна денеска Унијата го продолжи за уште 6 месеци ембаргото за оружје и рестрикциите за патување за Узбекистан воведено по масакрот во Андиџан. Министрите ќе дискутираат и за надградба на енергетските и трговските односи со Русијија и операциите во Авганистан и Конго.
XS
SM
MD
LG