Достапни линкови

Огромна поддршка за независност од Грузија


Во Јужна Осетија денеска се декларира огромната подршка за независност од Грузија по вчерашниот референдумот кој предизвика големи поделби меѓу Русија и Западот, кој за разлика од Москва го смета за нелегален. Русија уште претходно сигнализира дека судбината на Косово, кое многумина во иднина го гледаат како независно од Србија, може да биде потенцијален преседан и за Јужна Осетија и Абхазија.

Изборна комисија во Чинвали соопшти дека 99 насто од 70 илјади граѓани на грузиската република Јужна Осетија се изјасниле за независност. Излезноста била 95 проценти. Гласањето е одржано во местата кои се под контрола на власата, како и за бегалците во соседната руска Северна Осетија. Жителите во Чинвали – Јужна Осетија веднаш по завршувањето на гласањето синоќа, не чекајќи ги официјалните резулати од референдумот организараа прослави. Актуелниот сепаратистички претседател на Грузиската република Јужна Осетија Eдуард Кокојти по гласањето изјави.

„Гласав за независна република Јужна Осетија, за иднината на нашиот народ, против етнилчкиот геноцид врз остетијците. Сигурен сум дека заедно ќе ја остватриме целта за Независна и Обединета Осетија.“

Сепаратистите од Јужна Осетија кои се отргнаа од контролата на централната влада во Тбилиси по крвравиот конфликт во раните 90 ти годиони на минатиот век најавуваат продолжување на борбата за независност и евентуално присоединување со Русија.

„Независноста за нас значи опстанок. Опстанок за Јужна Осетија. Прво независност па соединување со Русија.“

изјави еден од гласачите. Сепак не сите во Јужна Осетија се за независност. Таму има и села со грузиско население кои исто така на алтернативен референдум одговараа на прашањето дали се за започнување преговори со Тбилиси за создавање федерална држава. Грузија не го признава референдумот на осетијците и ја обвини Москва дека сака да ги анектира Јужна Осетија, и другиот бунтовнички регион Абхазија. Москва одговори дека референдумот е одговор на острата политика на Тбилиси и испрати јасен сигнал дека ако Запад ја подржува независноста на Косово тогаш нека не ги спречува и другите места како на пример Јужна Осетија. Според генералниот секреатр на Нато Јап де Хооп Схефер со референдумот се зголемуваат регионалните тензии.
XS
SM
MD
LG