Достапни линкови

logo-print

Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ во Македонија. Датумот за преговори за членство во ЕУ зависи од брзината и квалитетот на реформите


Амбасадоре, Унијата го кажа своето мислење околу напредокот на нашата земја, но повторно остана резервирана околу датум за преговори. Зошто е толку тешко за Унијата да посочи година во која би можело да се случи тоа?

Не воопшто не е тешко. Мислам дека она што треба да се потенцира е дека Унијата ќе одреди датум за преговори тогаш кога земјава ќе ги исполни бараните критериуми за членство. Ако за тоа време сите реформи се спроведат, тогаш не е можно да се одлoжат преговорите за членство. Мислам дека овој извештај треба да се сфати како охрабрување за земјата да ги удвои напорите за продолжување на реформите кои се важни за оваа земја, за нејзиниот економски развој и просперитет, како и за нејзината цел, влез во Европската Унија.
Колку побрзо реформите ќе се спроведуваат, толку побрзо ќе може да се одреди датумот за преговори. Значи, се зависи од објективниот проценка за степенот на подготвеност од секоја земја. Ако се се одвива добро во следните дванаесет месеци, нема причина зошто да не го одредиме датумот за преговори. Но, се разбира ова зависи од брзината и квалитетот на реформите кои се спроведуваат, а тоа бара силна и постојана политичка волја.


Една од реформите која ја поздравивте е неодамна донесениот законот за полиција. Со оглед на долгите расправии во собранието и опструкцијата од страна на пратениците на ДУИ, очекувате ли проблеми околу спроведувањето на истиот?

Секако, го поздравивме донесувањето на овој закон. Ова беше дел од краткотрајните приоритети во Европскиот договор за партнерство на Македонија со европските земји, што не беше спроведено. Сега кога законот е донесен, предизвикот со кој се соочува владата и опозицијата, е да се постигне разбирање и договор околу оние правила што се бараат да се спроведат. Има повеќе од сто правила што треба да бидат усвоени со цел да се осигура целосна имплементација на законот.Тие се однесуваат на употребата на јазиците, правична застапеност на етничките заедници во различни гранки на полицијата, исто така процедурите за извештаите и состаноците на полицајците на локално ниво...Значи колку ќе биде поголем консензусот за спроведување на овие правила, поголемо ќе биде неговото прифаќање во јавноста. Ова е закон кој го засега секој граѓанин, оти зборуваме за една од фундаменталните институции во државата. За полициските сили на која било земја е важно развојот на реформите да се спроведува во согласност со граѓаните и на начин кој им влева доверба на граѓаните. Затоа е важно владата да инвестира многу напор и енергија, и ја поздравуваме намерата на МВР да го направи токму тоа.

Како тогаш реагирате на изјавите на некои од градоначалниците на ДУИ дека нема да го почитуваат законот?

Секако дека ваквите изјави не помагаат воопшто. Во исто време тие ја потценуваат важноста на добивање на доверба во сите сектори на општеството во спроведувањето на овој закон. И ако погледнете во која било земја која излезе од постконфликтна ситуација, независно дали е во Европа или во Јужна Африка, или во земја во која биле потребни огромни напори да се постигне помирување помеѓу различни етнички заедници, да се надминат разликите, во сите овие ситуации ќе видите дека дебатата за реформи во полицијата мора да ги вклучи сите сектори во општеството, сите политички партии, зашто ова е закон којќе има влијание врз сите. Затоа е важно да се постигне максимум доверба помеѓу сите сектори во општеството, дека има разбирање за потребата за овие реформи и начинот на кој тие ќе се спроведат. Ова е предизвикот со кој се соочуваат сега владата и опозицијата и сигурен сум дека сега веќе кога е донесен законот, со цел да се осигура негова имплементацција, тие ќе мора да работат заедно ако сакаат да ја добијат довербата од сите.

За да не се повтори истата слика од собраниските седници кога се расправаше за законот за полиција, предлагате да се направи список на закони за кои однапред ќе се знае дека е потребно Бадинтерово мнозинство.Мислите ли дека тоа ќе ги смири тензиите помеѓу албанскиот и македонскиот блок?

Тоа е само предлог и мислам дека ке биде корисно бидејки ке ги истакне областите кои ги засегаат двата различни дела на општеството и исто така ќе го одрази духот на охридскиот рамковен договор, кој беше навистина воспоставен за да ги натера двете различни заедници да работат заедно, и да гарантира дека правата и обврските на секоја заедница ке бидат целосно почитувани и и претставени во сите различни институции. Значи има закони кои по својата природа бараат вакво мнозинство дури и да не бараат вакво мнозинство, ова е земја која се развива од постконфликтна кон претпристапна околина. Во интерес на земјата е да има максимален консензус мегу сите партии . Мислам, погледенете ги како што реков другите земји кои поминале вакви ситуации, постигнувањето на консензус е главен фактор на јакнење на стабилноста и движењето на реформскиот процес напред и затоа мислам дека земјата треба да вложи повеке напори.


Вие бевте еден од иницијаторите за политички дијалог меѓу ДУИ и Владата. Од друга страна во едно интервју велите дека средбите меѓу политичките лидери не треба да станат практика на нашата земја, ако сакаме да напредуваме? Бевте погрешно цитиран или?

Потполно погрешно цитиран, бидејки она што го реков беше дека е важно за сите политички лидери да имаат нормален како дел од нормалната пракса во владата да работат заедно на тоа не треба да се гледа како на исклучок кој треба да се случи, тука имаше тешкоти особено по изборите и се покажа дека има клима на недоверба помегу некои политички партии. За да имате ефиктивна влада важно е да се надмине недовербата и како да се направи тоа? Па единствен начин е дека нема замена за дијалогот, а тоа е лугето да седнат и да се погледнат во очи и да се обидат да видат кои се прашањата што довеле до недовербата и како да се надминат. И имаме одлични примери на помирување од лидерите кои страдале во минатото од конфликтот, но кога ке седнат во владата ја сфакаат важноста на дијалогот со опозицијата, со лугето со кои се бореле претходно. Најдобар пример за тоа е Нелсон Мандела и можеби сите политички лидери треба доколку имаат време да ја прочитаат неговата автобиграфија, бидејки тоа беше човек кој помина 27 години од својот живот во затвор и кога излезе беше избран за претседател на Јужна Африка и го помина животот во поттикнување на дијалогот со оние кои го држеа во затвор претходно. Со други зборови тој подаде рака на своите поранешни непријатели и создаде клима на разбирање и на соработка, верување и мислам дека сите општества кои поминале низ конфликт треба да го следат овој пример

Унијата постојано инсистира на почитување на човековите права ако една земја сака да биде дел од неа. Од друга страна, Бугарија која ќе стане дел од Унијата во јануари и Грција која веќе е членка, не ги почитува правата на македонското малцинство?

Да, ова е многу тешко прашање и се што можам да кажам е тоа дека ние очекуваме сите членки на Европската унија целосно да ги почитуваат стандардите кои се воспоставени на европско ниво без разлика дали се од Европската унија или Советот на Европа кој има многу конвенции поврзани со тоа. Повторно ова се прашања за кои треба низ дијалог, взаемна соработка, разбирање да се дојде до договор.

Како пет години по конфликтот ги оценувате меѓуетничките односи во земјата?

Мислам дека е тоа е извонредно, кога ќе видите каде беше земјата. Знаете пред 5 години кога речиси се се распагаше, по што произлезе рамка на разбирање, помирување, и способност да се движи напред во насока на добивање на кандидатски статус. И ова и даде на земјата признание за она што е постигнато и исто така охрабрување да продолжи со напорите околу реформите да овозможи поголем просперитет за граганите, да одговори на барањата на помладата генерација за работни места, подобри работни места за подобра безбедност воопшто, и исто така да ја доведе земјата поблизу до Европската унија. Така јас мислам дека ова е неверојатно и често кажуваме дека земјата е успешна приказна така сега предизвикот ке биде да се задржи оваа репутација и овој извештај кажува што треба да се направи за да продолжи напред или како што вели комесарот Рен, возот да го одржи правецот напред кон конечната цел, а тоа е почнување на преговорите и денот кога земјата ке се избори за место во Европската унија.
XS
SM
MD
LG