Достапни линкови

Без спектакуларни промени на американската политика кон Балканот


Претседателскиот систем недозволува поголема промена во надворешната политика на Соединетите држави, па така и по промената на власта во американскиот претставнички дом Конгресот каде опозиционите демократи победија наспроти републиканската партија на актуелниот претседател Џорџ Буш, неможе да се очекуваат поголеми промени во американската меѓународна политика кон Балканот, а со тоа и кон Македонија, изјавува Никола Димитров поранешниот македонски амбасадор во Соединетите држави и актуелен национален владин координатор за приближување кон НАТО.

„Основниот цоординатор на надворешната политика е претседателот. Значи не може да се очекува нешто спектакулатрно различно.“

Во однос пак, на идната стратегија за проширувањето на НАТО Димитров посочува:

„Првиот круг на проширување по студената војна, вториот круг, главниот носител беше претседателот Буш и тука нема да има некои ралзики.“

Генерално со ставот на непроменливост во американската надворешна политика, се согласува и професорот по меѓународни односи Денко Малески, но сепак во однос на проширувањето на НАТО со нови земји, тој има поинакво мислење:

„Кај Републиканците беше проблемот, затоа што се потврди и гледаа на НАТО како воена организација, додека кај Демократите тоа е поинаков НАТО, така што може тоа и позитивно да се рефлектира за примањето во НАТО.“

посочува Малески.

Од една страна како потпишувањето на Јадранската повелба и признавањето на уставното име, Македонија повеќе доби во времето на републиканската партија, но тоа беше само поради фактот што околностите беа поповолни, а сето тоа во интерес на стабилност на Балканот, политика што велат експертите беше почната во времето на демократите и продолжи да се реализира во времето на републиканците. Во оваа насока и професорот од Правниот факултет Владо Поповски смета дека не не очекуваат големи промени:

„Таа политика која што САД јаи ма кон Македонија е во континуитет долги години. При распадот на Југославија САД дадоа гаранции за безбедноста на Македонија.“

вели професор Малески.
XS
SM
MD
LG