Достапни линкови

Министерството за финансии најавува измена на законот за банки


Постоечката законска регулатива која неовозможува поголема либерализација во банкарскиот сектор и според експертите но и според државните институции, се смета за еден од клучните проблеми поради отсуството на странски банки во државава. Според постоечкиот закон за банки, во Македонија немаше посебна одредба која ќе ја регулира сверата за влез на странски банки во земјава, а со самото тоа неможеше ниту да се очекува нивно инвестирање на домашниот банкарски пазар до 1 јануари 2008-та година, кога државава согласно преземените обврски кон меѓународните институции требаше да ја регулира оваа свера. Во Министерстотвото за финансии велат дека веќе е подготвен нов закон за банки кој ќе овозможи влез на меѓународни познати брендови од банкарскиот сектор и порано од 2008-та година:

„Во овој нов закон имаме предвидено цело поглавје кое регулира влез на филијали на странски банки и тоа се предвидува да почне да се применува од први јануари 2007 година.“

Изјавува Маја Богдановска од Министерството за финансии. Неодамна пропадна и обидот за продажба на една од најголемите банки во државава Комерцијална. Причината беше ниските и неприфатливи понуди пристигнати на тендерот за продажба на мнозинскиот капитал во оваа банка. Колку македонскиот пазар е интересен за влез на странски познати банкарски брендови, експертот Борко Ханџиски објаснува:

„Тоа што македонскиот пазар е неповолен незначи дека не е интересен за влез на странски инвеститори, туку напротив во македонскиот пазар има голем потенцијален токму затоа што е неразивен, така да е интересен за странските инвеститори. Но, зошто до сега нема големи банки, тоа делумно може да се објасни со карактерот на пазарот. Имено кај нас од една страна има многу банки, но тие се мали и неинтересни за тие познати големи странски банки. Од друга страна доколку се одстрани таа законска одредба која го лимитира отварањето на странски филијали до 2008 година, можеби некоја од овие банки би се одлучила на ваков чекор.“

Вели Ханџиски. Во меѓувреме, поради неразвиениот банкарски систем најголемата цена ја плаќаат граѓаните:

„Последиците се јасни, високи камати, недоволно развиен банкарски сектори и банкарски услуги, па негативните последици ги чувствуваат сите граѓани.“

изјавува Ханџиски кој додава дека ваквата ситуација е пречка и за целокупниот економски развој на земјава.
XS
SM
MD
LG