Достапни линкови

Претседателот на ЗЕЛС Андреј Петров вели дека власта навлегува во ингеренциите на општините


Заедницата на единици на локалната самоуправа жестоко реагира на кампањата против урбаната мафија што ја започна централната власт, односно надлежното Министерство за транспорт и врски. Првиот човек на ЗЕЛС Андреј Петров порачува дека со барањата кои се упатуваат до општините за изготвување на списоци со број на нелегални градби на нивна територија, Владата односно Министерството за транспорт, што за оваа цел одржа и средба со градоначалниците, со тоа ги крши законите и навлегува во ингеренциите на општините:

„Локалната власт има сопствени надлежности, Министерството за транспорт и врски не и е надреден на локалната власт и доколку продолжат со оваа постпка јас ќе доставам писмено барање како ЗЕЛС до Советот на Европа и до другите институции да ја преиспитаат својата позицијата во однос на Македонија бидејќи со тоа директно се крши европската повелба за локална самоуправа.“

Посочува претседатлеот на ЗЕЛС Андреј Петров и градоначалник на скопската општина Карпош од редовите на Социјалдемократскиот сојуз. Петров вели дека не е против ставање ред во урбанизмот и посочува дека со ова не и најавува непослушност на Владата, но додава:

„Не станува збор за непослушност, туку се најавува почитување на законот ако некој сака да го крши законот и врз основа на тоа да прави маркетинг ние не сме подготвени тоа да го помагаме.“

Постои ли поделеност меѓу градоначалниците обединети во Здружението на локални самоуправи. Наспроти, претседателот на Здружението Андреј Петров, градоначалникот на општина Прилеп од ВМРО ДПМНЕ Марјан Ристески ја поздравува заложбата на Владата за справување со урбаната мафија:

„Јас мислам дека секогаш треба да има корелација меѓу власта и локалните самоуправи и ова се прави токму во интерес на општините и власта.“

Изјавува Ристески. Согласно законот за локална самоуправа од 2002 година со процесот децентрализација градоначалниците целосно ги презедоа надлежностите од Централната власт во областа на урбанизмот. Но, Министерството за транспорт и врски најавуваат дека како централна власт имаат ингеренции да вршат притисокот до првите општински луѓе, а согласно тоа да поведат и постапки.

„Законот нас ни овозможува да вршиме контрола на нивното работење и согласно тоа ние ќе вршиме контрола на секоја постапка на локалната самоуправа во делот на градежништвото.“

Изјави за нашето радио Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
XS
SM
MD
LG