Достапни линкови

Избори за Конгресот и третина од Сенатот


Американците денеска ќе избираат преставници за 435 места во Конгресот и една третина од 100 те места во Сенатот. Републиканците на претседателот Буш во двата дома ја имаат контролата веќе 12 години, но сега опозиционите демократи се надеваат дека ке ја добијат контролата во едниот или и во двете тела на Конгресот. Ако тоа се случи какво би било влијанието врз бушовата администрација посебно на надворешен план.

Иако, ова не се избори за американскиот претседател, за многумина посматрачи тие се своевиден референдум за политиката на Џорџ Буш. Бил Френзел републиканец поранешен член на Конгресот кој таму 20 години ја преставуваше Минесота вака гледа на гласањето.

„Џорџ Буш беше прашање на овие избори и доколку демократите превземат контрола врз едниот или двата дома на Конгресот, тој ќе биде губитник. Ке му се отежни патот за иницјативите, што не значи и дека нема да добие некои во доменот на домашната безбедност и одбраната. Но се друго ќе биде тешко.“

Тоа е така затоа што Конгресот ја има контролата врз федералните владини пари. Демократите вели Френзел ќе можат да го спречат намалувањето на даноците и да вратат некои досегашни кратења со цел да се намали буџетскиот дефицит. Но, според него не ќе можат да сторат многу во врска со политиката кон Ирак и покрај големите дебати на оваа тема. Политичкиот аналитичар Лари Собато смета и дека демократите нема да сакаат да изгледа дека не даваат подршка на нивните трупи и да ги направат ранливи. Затоа тој мисли дека некои, според истражувањата на јавното мислење, очекуваат премногу од демократите доколку тие доминираат во Конгресот, во врска инволвираноста во Ирак.

„Конгресот има влијание врз некои работи но тие ќе имаат многу тешкотии за да го принудат претседателот да направи нешто за Ирак. Така што оние луѓе кои чекаат брзи резулати, мислам дека грешат. Да се сетиме на историјата. На Демократскиот Конгрес му требаа години да ги принудат републиканските претседатели Никсон и Форд да ги лимитираат нивните активности во Виетнам.“

На пошироко ниво, евентуалните промени во Конгресот според Сабато, ке имаат суптилно но значајно влијание врз начинот на владеењето на Буш. Станува збор за таканречениот систем на трите сегмени на власта провери и балансирај. На пример Конгресот би можело да ги потврди или отфрли предлозите за федерални судии на Претседателот Џорџ Буш. Поранешниот конгресмен Френзел очекува и нешто друго, без разлика кој ке победи. Вели, дека предвидува дека републиканците и демократите ќе ги сменат манирите на однесување и ќе заличат на конгресмени, наместо како понекогаш во последната деценија кога наликувале на хулигани.
XS
SM
MD
LG