Достапни линкови

Варшава: Лех Качински предлага формирање на сили на ЕУ кои ќе бидат поврзани со НАТО


Полскиот претседател Лех Качински најави дека за време на неговите денешни разговори во Лондон со британскиот премиер Тони Блер ќе предложи формирање сили на Европската Унија кои ќе бидат поврзани со НАТО. Тој прецизира дека станува збор за сто илјади евро војници кои ќе можат брзо да се распоредуват насекаде во светот.
XS
SM
MD
LG