Достапни линкови

logo-print

ЕУ го загуби чувството за тоа која и е целта


Европската Унија го загуби чувството за правец, дури може да се каже и чувството за тоа која и е целта, пишува деновиве весникот Обзервер додавајќи: Националните влади, изгорени од јавното исмејување на несреќниот устав не се многу желни на нивните гласачи да им ги продадат предностите на конатиненталната соработка. А без политичка волја, Унијата стагнира.

Неодамнешниот евро самит во Финска покажа дека знаци за нов живот за Европската Унија сепак постојат. На дневниот ред беа снабдувањето со енергија и нејзиното користање, клучни елементи за економската и еколошката иднина на Европа. Лидерите покажаа обединетост спрема рускиот претседател Владимир Путин, особено при инсистирањето на фиксирани правила при снабдувањето со руски нафта и гас. Москва, како што наведува весникот, традиционално ги распоредува своите ресурси со цел најдобро да ги заплашува поранешните советски сателити и да ја дели Европската Унија. Овој пат Путин покажа подготвеност да преговара со Унијата, остапка која не би ја направил спрема ниту една евро членка одделно. Во меѓувреме, британскиот премиер Тони Блер и неговиот дански колега Јан Балкененде потенцираа колку енергетската безбедност е тесно поврзана со глобалното затоплување. Повторувајќи ги предупредувањата на научниците дека ние сме само на десет до петнаесет години од точката за самоуништување, предизвикано од промените на климата, двајцата премиери бараат итна и заедничка европска акција. Политичарите, јавајќи врз заштитата на животната средина, веќе ја почнаа трката по гласови. Даноците за оние фирми кои не се однесуваат одговорно спрема природата сега е официјална политика на сите поголеми британски партии, вклучувајќи ги евроскептичните ториевци. Но, ефективна акција единствено е можна, како што сметаат научниците, само доколку се дејствува заеднички, а тоа во случајот е Европската Унија. Симболичен старт за тоа, според Обзервер, беше предлогот за заеднички евростандарди во штедењето на енергијата. Евроскептиците постојано го покреваат прашањето за што всушност постои Европската Унија. Енергетската безбедност и борбата против климатските промени се очигледните два одговора. Или, кажано поинаку, чување на светлата за да не изгаснат и спасување на Планетата од самоуништување, заклучува весникот Обзервер.
XS
SM
MD
LG