Достапни линкови

Багдад: Садам Хусеин осуден на смртна казна со бесење


Ирачкиот врховен суд претпладенево ги осуди поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и двајца негови соработници на смртна казна -јавија агенциите.Имено судот во Багдад одлучи Хусеин ,неговиот полубрат Барзан Ибрахим и бившиот судија на Револуционерниот суд Ауд Ахмед Ал Бандар да бидат обесени поради злосторства против човештвото сторени во 1982 година кога биле убиени 148 луге во градот Дуџаил.Поранешниот заменик претседетел на Ирак Таха Јасин Рамадан е осуден на доживотен затвор а тројца соработници се осудени на по 15 години затвор поради убиство и тортура.Еден обвинет пак е ослобеден поради недостиг на докази.По читањето на пресудата вознемирениот Хусеин како што пренесуваат агенциите извикувал долг живот за ирачаните и Смрт за непријателите .Ирачката влада поради деешното судење донесе одлука за воведување на полициски час во Багдад и две други ирачки покраини а затворен е и багдадскиот аеродром.
XS
SM
MD
LG