Достапни линкови

logo-print

Бишек: Премиерот на Киргизстан Феликс Кулов обелодени заговор на опозицијата


Премиерот на Киргизстан Феликс Кулов денеска изјави дека властите имале докази оти опозицијата подготвувала заговор за влегување во владините згради со цел да ја освојат власта. Тој за ова презентирал снимен телефонски разговор меѓу опозиционите лидери и запленети планови како да се окупираат зградите. Киргистанскиот сервис на Радио Слободна Европа јави дека денеска околу две илјади демонстранти мирно марширале во главниот град Бишкек. Таму вчера петнаесетина илјади луѓе бараа уставни реформи со цел да биде ограничена власта на претседателот Курманбек Алиев.
XS
SM
MD
LG