Достапни линкови

logo-print

Багдад: Четворица американски војници загинаа во Ирак, соопшти американската армија


Американската команда во Ирак соопшти дека денеска во таа земја загинале четворица американски војници. Се прецизира дека тројца војници загинале откако нивното возило наишло на поставена мина во источниот дел на Багдад, додека четвртиот војник им подлегнал на повредите здобиени во, како што се наведува, непријателска акција во западната ирачка провинција Анбар. Во меѓувреме, американските сили денеска убиле тринаесет милитанти во јужниот дел на Багдад
Израелските војници денеска во Газа и на Западниот Брег убиле седумина палестинци. Агенциите јавуваат дека една жена загинала откако било пукано
врз толпата која била пред тамошната џамија. Претходно израелската авијација извршила напад врз еден автомобил во кој имало, како што се наведува, четворица милитанти на Хамас.
XS
SM
MD
LG