Достапни линкови

Софија: Посета на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, со денешната средба со неговиот бугарски колега Ивајло Калфин ја започна официјална посета на Бугарија. Министерот Милошоски ќе има средби и со претседателот на Бугарија Георги Прванов, како и со претседателот на парламентот Георги Пирински. За утре е најавена посета на бугарскиот претседател Прванов на Македонија при што ќе го посети Ново Село по повод обновувањето на гробиштата од балканските и од првата светска војна.
XS
SM
MD
LG