Достапни линкови

Москва: Русија повика на преговори со Иран за нуклеарната програма


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја повика меѓународната заедница да преговара со Иран за неговата нуклеарна програма, а не да ја изолира таа земја со санкции. Лавров изјави во Москва дека Русија нема да ја подржи нацрт-резолуцијата во Советот за безбедност, што ја предложи Европската Унија, за примена на санкции против Иран поради одбивањето да престане со збогатување ураниум. Соединетите Држави изразија надеж дека Русија сепак ќе ја подржи резолуцијата, но оти можеби бара некои измени.
XS
SM
MD
LG