Достапни линкови

logo-print

Михов се води од старата филозофија кога малцинските прашања не се отворале


Македонското министерство за надворешни работи реагира на изјавата на амбасадорот на Бугарија во Македонија Михо Михов кој во неделното интервју на Радио Слободна Европа изјави дека прашањето за проблемите со кои се соочува македонското малцинство во неговата земја се внатрешни прашања а не на односите мегу двете земји. Сашко Тодоровски, државен советник за иселеништо и македонското малцинство во минитерсвото вели дека амбасадорот Михов сеуште се води од старата филозофија кога таквите прашања не се отворале. Спротивно од тоа денеска вели Тодоровски таа област е дел од меѓународна соработка:

„Мислам дека чистите намери на македонска страна тоа да биде квалитетна соработка, лека полека, ќе ги убедат и бугарските соработници, дека од тоа може да направиме убава соработка во полза на тие луѓе, но и во полза на двете земји.“

Но, од тука се поставува прашањето што прави Македонија за да им помогне во остварувањето на правата на малцинстава во матичните држави. Тодоровски вели дека дејствуваат во неколку правци

„Секогаш кога припадниците на македонското национално малцинство имаат проблем во конкретната држава, може да побараат правен совет од нашите дипломатско конзуларни претставништва. Вториот правец на дејствување е негување на културата, традицијата. Третиот правец на дејствување е проектно советништво, односно да им се помогне во насока на проектно аплицирање пред домашните органи, но и пред меѓународните фондации за реализирање на програмски активности.“

Како пак според орагнизациите на македонските малцинстава во Бугарија и Грзија може да помогме Македонија? Најновата информација пак која што вчера стигна од Софија е дека судот повторно одбил да ја регистрира партијата на македонците ОМО Илиден Пирин поради како што се наведува некомплетна документација.
Стојко Стојков порпароптлот на ОМО Илинден Пирин вели дека

„Македонската влада не е во позиција да изврши притисок. Знаеме дека Бугарија е во поволна ситуација, затоа што ќе стане членка на ЕУ.“

Со слични проблеми се соочуваат и Македонците во Грција.Нивната организација Виножито за почетоков на месецов најави промовирањее на букварот
Претседетелот Павлос Васкопулос смета дека:

„Македонската држава, но и било која држава, што има постигнато одреден позитивен степен во остварувањето на политики што се однесуваат на почитување на малцинските права, тоа може да го истакнуваат на сите меѓународни форуми и средби.“
XS
SM
MD
LG