Достапни линкови

logo-print

Главна тема – војната во Ирак


На една недела пред изборите за американскиот Конгрес, се чини главна тема е надворешно политичкото прашање – војната во Ирак. Според многу анализи, мнозинството би можеле да го добијат демократите, што би можело да ги ограничи можностите на претседателот Буш да добие пари за реализација на своите програми, меѓу кои и за продолжување на војната во Ирак.

Во меѓувреме битката меѓу владеачките републиканци на претседателот Буш и опозиционите демократи продолжува. Претседателот Буш го повика демократскиот сенатро Џон Кери да се извини за изјавата дека студентите би можело да заглават во Ирак доколку не учат напорно. Тоа според Буш е навредливо за американските трупи.

„Членовите на американската одбрана се многу умни, многу храбри и Сенаторот од Масачусетс треба да им се извини.“

Кери тоа го одби тврдејки дека критиката била упатена на адресата на бушовата администрација и нејзината политика кон Ирак. Тој исто така рече дека неговиот коментар не бил исправно искажан во говорот. Како и да е незадоволството од воената политика на Конгресот, во кој моментално доминираат републиканците, како и повеќе финансиски и сексуални афери меѓу нив, би можело да бидат елементот на пресврт на силите. Демократите веруваат дека републиканците се толку дискредитирани со овие скандали што гласачите ќе се определат за опозицијата.

„Гласачите гледаат на Конгресот кој не само да не бара одговорност од владата, туку не може да ја обезбеди одговорноста и на своите сопствени членови.“

смета Конгресменот од редовите на опозиционите демократи кристофер ван Холен. Меѓутоа специфичноста на американскиот изборен систем, во кој за Конгресот во секој округ се борат по двајца многу конкретни кандидати, создава впечаток дека бирачите се определуваат повеќе за личноста отколку за фактот дали некој е републиканец или демократ. Републиканскиот застапник од Њујорк Томас Рејнолдс.

„Иако политичкиот натпревар за местата во Конгресот се пренесуваат на ТВ Мрежите, па за тоа расправаат аналитичари и стручњаци, на крајот сепак бирачите че решат меѓу конкретен републикански или демократски кандидат а не за тоа дали сакаат во Конгресот да доминираат републикабнците или демократите.“

Токму на тоа се темели и оптимизмот на републиканците кои веруваат дека нивната партија ќе ја задржи контролата во двата дома на Конгресот што би му овозможило непречено владеење на претседателот Џорџ Буш.
XS
SM
MD
LG