Достапни линкови

Авганистан: Командантот на НАТО силите вели дека нема доволно трупи за победа над Талибанците


Командантот на НАТО силите во Авганистан изјави дека нема доволно трупи за да гарантира победа врз талибанските милитанти во следните 6 месеци. Во интервју за Фајнаншенел Тајмс, британскиот генерал Дејвид Ричардс изјави дека сепак со 31 илјада војници од 37 земји е можен прогрес во напорите за реконструкција и враќање на довербата на авганистанците кон НАТО и авганистанската влада. Агенциите во меѓу време јавија дека во операциите во југо источен Авганистан се убиени тројца милитанти.
XS
SM
MD
LG