Достапни линкови

logo-print

Москва: Руска нота до Македонија со барање за брза истрага за нападот на руските дипломати


Русија денеска и упати протестна нота на Македонија со барање да спроведе брза и објективна истрага за нападот врз 4-та руски дипломати во Скопје во изминатиот викенд, јавија руските медиуми. Портпарол на руското министерство за надворешни работи изјавил дека Москва очекува официјално објаснување за инцидентот. Руските дипломати биле нападнати од 10-тина луѓе во саботата навечер пред едно кафуле во центарот на Скопје, при што добиле полесни повреди. Претставник на македонското министерство за внатрешни работи изјавил дека не се познати мотивите за нападот.
XS
SM
MD
LG