Достапни линкови

Букурешт: Романскиот политичар предложен за претставник во ЕК ја повлече кандидатурата


Варужан Возгањан, кого Романија го предложи за свој претставник во Европската комисија, соопшти дека ја повлекува кандидатурата за таа функција. Тој образложи дека одлуката ја донел зашто не сака да му наштети на меѓународниот имиџ на Романија зашто во романските медиуми се појавија обвинувања дека е вмешан во корупција и дека соработувал со тајната полиција Секуритате за време на режимот на поранешниот претседател на Романија Николај Чаушеску. Четириесет и осумгодишниот Возгањан ги негира обвинувањата, а претседателот Трајан Басеску, кој и покрај обвинувањата ја поддржа неговата кандидатура, соопшти дека разузнавачките служби не успеале да најдат ништо што би ги потврдило написите во медиумите.
XS
SM
MD
LG