Достапни линкови

logo-print

Михо Михов, амбасадор на Бугарија во Македонија. Македонските граѓани кои се чуствуваат како Бугари сакаат да добијат бугарско државјанство


Амбасадоре вие порано бевте началник на генералштабот на република Бугарија. Ова е ваше прво амбасадорско место. Веќе една година сте во Македонија. Како се снаоѓате?

Да, јас бев началник на генерал штабот на бугарската армија, пред тоа и командант на воено воздушните сили на република Бугарија и ја завршив својата активна воена кариера во 2002 година. Потоа три години работев како советник на нашиот претседател Ѓорги Прванов и како што кажавте тоа ми е првата цивилна служба во областа на надворешната политика во однос на Македонија. Јас лично сум многу радосен од тоа што сум во Македонија и сум дошол со најдобри намери. Имав и имам многу пријатели и тие се зголемуваат.Се надевам дека ке бидам полезен и за Македонија и за Бугарија затоа што таква ми е мисијата, таа е одредена од судбината а и мојот однос е таков. Не сум дозволил еден ден да поминам без нешто да не направам. Сигурен сум дека во блиските месеци и години работите во однос на старите историски проблеми ке исчезнат и младото поколение и тие кои што се надеваат дека Европа во најскоро време ке ја прими и Македонија во што и јас верувам ке се убедат дека бугарската позиција е вистинска и корисна. И јас за неа работам.

Веќе е извесно дека Вашата земја е на прагот, односно ќе влезе во Европската унија. Од тука гледано се чини дека Бугарија постигна многу голем напредок. Што ќе и порачате Вие на македонската власт. Кој е рецептот?

Да, вие сте апсолутно во право и ако ги искористам вашите зборови за прагот треба да кажам дека прагот беше многу висок но ние веќе го намаливме и сме многу уверени дека тој историски настан за Бугарија следува и на 1 јануари 2007 година тоа ќе се случи. Велам дека тоа за нас навистина е една историска победа и тоа без војни, без посебна драма, а со многу напори на целиот бугарски народ и на нашите државници ние го постигнавме тој успех. Можам да се согласам со вас дека Бугарија отиде многу напред ако споредуваме со Македонија или со некои други земји од Западен Балкан. Вие пак веке сте уверени дека ке добиете датум за преговори а и ние го посакуваме тоа. Но за да се случи тоа побрзо и да стане реалност во наредниве години убаво е да се искористи бугарското искуство. За тоа и јас како амбасадор на бугарскиот народ и држава во вашата земја препорачувам по блиска соработка на ниво министерства, влада и сите други државни институции.

Како ги оценувате односите меѓу двете земји?

Односите мегу Македонија и Бугарија на ниво на државници се многу добри. Односите на ниво на министерства и пониски управувачки институции сеуште страдаат поради дефицит на доверба. Затоа нашата мисија, бугарската амбасада во Скопје и престојното отворање на генерален козулат во Битола имаат за задача да го намалат степенот на недоверба кон Бугарија, да го олеснат секое историско оптоварување наследно од неколкуте последни децении и јас мислам дека имаме некој напредок. Македонските грагани се почесто ја посетуваат Бугарија, само минатата година според нашите информации тоа се околу 800 илјади граѓани кои престојувале во Бугарија.Тие гледаат во таа држава една целосна добронамерност на бугарските граѓани кон македонските и се надевам дека во наредните години сето тоа кое што е наслоено како анти бугарски чуство од времето на првата и втората светска војна ќе биде заборавено.

Иако велите дека односите меѓу двете земји на државно ниво се добри, сепак речиси секоја година се провлекува проблемот со чествувањето на гробот на Јане Сандански, кога речиси секоја година има инциденти. Поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева ви упати и протесна нота за тоа. Како сметате дека може да се надмине оваа состојба?

Ќе започнам од последниот дел на вашето прашање и ќе бидам многу краток. Госпоѓата Илинка Митрева не ми врачила протесна нота на мене и тоа беше измама и лага за македонското општетсво можеби диктирано од македонските медиуми. Категорично, јас не сум добил нота и немаше основа за врачување на нота затоа што за тоа за кое што прашувате се внатрешно бугарски односи и амбасадорот на Република Бугарија е тука за да ја утврдува надворешната политика на Бугарија кон Македонија а не да дискутира внатрешни проблеми на Бугарија. И тоа прашање за кое што вие зборувате за чествувањето на Јане Сандански моето мислење е дека тоа чествување и во иднина ќе продолжи и тоа на по одговорно државно ниво наместо на локално ниво и на локални односи за кои вие зборувате на граѓани од Македонија и граѓани од Бугарија како конфликтна точка. Тоа нема иднина и не би требало да се дискутира.

Но сепак вие сте амбасадор на Бугарија која што ќе повторам е на прагот за влез во Унијата. Како ги оценувате демократските права во Бугарија? Имаат ли Македонците сега право да се кандидираат на избори со свои партии? Утавиот суд порано им ги оспори?

Значи вие ги прикажувате нештата како да се вистина. Јас за тоа ви кажав дека јас како амабасадор а најмалку Македонија и вие како медиум можете да и поставувате прашање на Бугарија која е веќе член на Европската Унија. Тоа прашање може да и го зададе Европската Унија на Бугарија. За тоа кажувам дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија на внатрешната политика а не на односите меѓу Македонија и Бугарија а амбасадорот е тука за да ја утврдува надворешната политика на Бугарија и добрососедските односи

Имавте изјавено дека голем е бројот на Македонци кои бараат бугарско државјанство. Постои ли уште голема заинтересираност? На што сметате дека се должи таа?

Јас разбирам дека македонското општество особено владините иснтитуции во денешно време имаат потреба од точна информација за бројката и за тенденијата. Јас не би кажал дека тенденцијата е кон намалување, но не би кажал дека е и кон брзо зголемување на бројот и за да ги уточниме работите можам само да се повикам на неколку цифри за кои што многу луге шпекулирајки со нив ги зголемуваат. Јас ке кажам дека само за оваа година, од почетоков до месец октомври малку повеке од 5 800 македонски граѓани ги поднеле своите документи за бугарско државјанство.Но заклучно со оваа дата годинава бугарско државјанство земале 1 900 македонски граѓани.За да ја видите тенденцијата од последните 5 години можам да ви кажам дека за тој период поднесени се повеке од 30 000 документи за добивање на државјанство, но земале државјанство 9 834 македонски граѓани. Тоа темпо на растењето на желбата да добијат бугарско државјанство не е застрашувачко за никого, ниту за бугарската, ниту за македонската влада и држава туку е едно правилно изразување на вољата на македонските граѓани кои што се чуствуваат Бугари и сакаат да го добијат тоа државјанство. Ние инаку темпото на утврдување не го забавуваме смислено туку ги запазуваме определните процедури.

Како ја оценувате економската соработка меѓу двете земји? Постои ли заинтересираност на бугарските бизнисмени за инвестирање во Македонија?

Тие се привлечени.Бугарските инвеститори одамна сакаат да го развијат својот бизнис тука, да и дадат можност на Македонија да го намали процентот на својата невработеност а соодветно да има и модерно производство. Но причината не е во бугарските бизнисмени и во бугарскте државници, туку во тоа што процедурата е многу отежната и денеска можам категорино да кажам дека има само 3 до 4 интситуции, заводи и фабрики кои што се бугарски и работат успешно тука. Се надевам дека во следните години и благодарение на тоа што Бугарија ќе стане полноправна членка на Европската унија вие ке ги отворите своите срца и својот интерес кон бугарскиот бизнис затоа што ние сме добар пример кој го оценуваше и Унијата. Само за првата половина на оваа година во Бугарија се влезени 1 милијарда и 700 илјади евра директни инвестиции. За минатата година тие се повеке од 2 милијарди и 200 илјади евра. Тоа темпо на инвестиции во Бугарија е силно и вие ако ја посетите земјата ке видите дека промените се брзи. Интересно ми е зошто не го пуштате бугарскиот бизнис тука така брзо, за да ја подобриме ситуацијата бидејки ние немаме никаков проблем во однос на јазичното разбирање и бидејки ние се гордееме со фактот што ја воведуваме кирилицата во Европската унија а од тоа би следувало и вие да имате некоја придобивка.
XS
SM
MD
LG