Достапни линкови

Оние што се според урбанистичкиот план ќе се легализираат, останатите ќе се рушат


Нема општина во земјава која не се соочува со проблемот со нелегални објекти. Праксата прво да се гради, па потоа да се бара дозвола е принципот кој важи во земјава години наназад. Цели рурални средни, викенд, но и градски населби се диви објекти. Од 1 јули 2005 тата година со децентрализацијата општините целосно ги презедоа надлежностите во сверата на урбанизмот, а со тоа во нивни раце е решавањето на судбината со нелегалните градби. Таму каде што има простор објектите ќе бидат легализирани, бидејќи тоа значи поголеми приходи од комуналии за општините, но оние кои што се надвор од општинскиот урбанистички план, ќе бидат урнати, најчесто ова е формулата по која општините бараат решение за овие проблеми. Градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта, кој веќе урна неколку нелегални објекти во оваа општина, вели:

„Имаме уште нелегални објекти, но сега правиме услови сите тие сопственици да ги легализираат тие објекти, а мислам дека до 2009-та сите овие објекти што влагаат во урбанистичкиот план ќе ги легализираат овие објекти.“

Еден од проблемите што ја отежнува ситуацијата со решавањето на дивоградбите е и сеуште недонесениот закон за легализација на дивоградбите што како што најавуваат од Владата ќе се донесе до крајот од првиот квартал на 2007 година. За тоа како се средуваат проблемите во оваа свера во општина Битола, Љупчо Стојчев од секторот за урбанизам во оваа општина изјавува

„Во процедура е Нацрт законот за легализација на дивоградби и сега чекаме што ќе се случи со законот, така да во план сме да ги легализираме дивоградбите што влегуваат во деталните урбанистички планови, а во овој момент ги спречуваме оние што нелегално градат.“

вели Стојчев. Од кога датира урбанистичкиот хаос што без исклучок ја засега секоја општина, но се смета дека најповеќе цвета во главниот град Скопје? Професорот по архитектура Живко Поповски, времето го лоцира многу поодамна уште од поранешна Југославија:

„Во осумдесетите години се случи нешто многу важно, Европа наеднаш почна да се развива така што ги фасцинираше сите луѓе од Истокот. И во обидот како да се парира на целото тоа богатство и тој развој, наеднаш почна да се градат одредени куќи во некои нови населби како што е во Скопје, населбата Волково и некои други. Тоа се цели населби дивоградби.“

забележува Поповски.
XS
SM
MD
LG