Достапни линкови

logo-print

Додека светот оди напред во телекомуникациите, Македонија оди назад


Кога ќе сретнете некој пријател многу често можете да слушнете јави ми се, исклучен ми е телефонот не ги платив сметките. Некои грагани пак веке ги имаат исклучено повикувачките броеви кон мобилните мрежи а размислуваат и целосно да ги исклучат домашните телефони. Во таа насока размислува и скопјанецот Роберт.

„Сметките кои доаѓаа до сега за плаќање беа огромни со оглед на тоа што веројатно Телеком е монопол во оваа држава.“
„Тоа е трагедија. Човештвото напредува со брзи чекори, а ние се враќаме на праќање писма.“


Според податоците на Македонски телекомуникации во држава има 606 000 претпалници. Но Јанко Стојковски од граганското движење Пружи отпор-кажи не вели дека бројот на активни корисници во моментов е многу помал

„Меѓутоа, сега има активно вклучени нема повеќе од сто илјади граѓани во Република Македонија кои се во состојба да ги плаќаат сметките.“

Организацијата на која што е член пак веке извесно време се бори против монополот во фиксната телефонија. И преставниците на сегашната влада кога беа во опозиција изјавуваа дека ке се борат против истото. Но, засега извесно е само дека на 30 Октомври ке се распише тендер за трет мобилен оператор. Од владата велат дека размислуваат за воведување и на втор фиксен. Зоран Трајчевски член на ВМРО ДПМНЕ вели дека работата со влез на втор фискен оператор не е толку едноставна. За главен виновник го посочува актуелниот закон:

„Тој пазар е правно законски либерализиран и секој што сака да влезе на пазарот може да влезе. Но, проблемот е договорот за интерконекција изготвен од Агенцијата за електронски комуникации.“

Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека не сакаат да ги коментираат изјавите за високите цени. Од таму објаснуваат дека тие се договорени по предлог на Македонски телекомуникации и по повеке состаноци на преставници од двете страни.

Македонскиот телеком на Унгарците Матав и го продаде поранешната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ. Договорот мегу двете страни остана тајна. И мината влада на премиерот Бучковски имаше намера да воведе втор фиксен оператор но и тие се повлекоа од идејата.
XS
SM
MD
LG