Достапни линкови

Општините издаваат дозволи, а контролните механизми само на укажување од страна на Владата


Неред и недефинирани правила меѓу општините и Владата, ова е лавиринтот во кој влегува секој потенцијален градежен инвеститор при желбата за изградба на некој објект во земјава. Согласно законот за децентрализација, општините според нивните урбанистички планови се оние во чии раце се ингеренциите, односно тие издаваат дозвола за градба, или уривање доколку станува збор за диви објекти, но управител на земјиштето е државата, односно Владата, па некаде во вакви нејаснотии функционира Законот за децентрализација во областа на градежништвото. Во меѓувреме во државава се поголем замав зема урбаната мафија. Една од општините каде има регистрирано дури 500-тини дивоградби и на чија територија се случи аферата со станбените згради ФИКОМ е Кисела Вода. Тони Чупоски од оваа општина вели дека тие се обидуваат преку поголемо информирање на граѓаните да ги решаваат ваквите проблеми:

„Со вака поставени законски со законот за децентрализација очигледно не ќе може да функционира еден ваков систем. И затоа општина Кисела вода беше таа што на граѓаните им посочи кои фирми се несигурни и пред да купат станови тие треба да дојдат во општина Кисела Вода и да ја проверат документацијата.“

Единствениот контролен механизам што го има Владата е можноста да реагира кога при потребата за рушење на одредена дивоградба, тоа не го прави општината, објаснува Чуповски:

„Владата, Министерството за транспорт и врски се тие кои што треба да расчистат со таа урбана махија, но мислам дека контролниот пакет за изградбата со законот за децентрализација го имаат општините.“

И скопската општина Бутел се соочува со урбан хаос. А секое уривање на нелегални објекти, носи проблеми, објаснува Сенжана Клинчаровска од оваа општина:

„Ние досега имавме забележано три индивидуални стамбени објекти и тие беа предмет на акција на рушење, по што еден од сопствениците изврши насилен упад во општината и во кабинетот на градоначалникот со закани по живот.“

Вели Клинчаровска. Токму од овие причини во општината Аеродром посочуваат дека постои потреба од измена на законот за градежно земјиште:

„Бидејќи сеуште не е докрај прецезирано кој е сопственик на кое конкретно земјиште.“

Изјавува Маја Манчевска од општина Аеродром.
XS
SM
MD
LG