Достапни линкови

logo-print

Битола: Стипе Месиќ отвара хрватски конзулат во Битола


Хрватскиот претседател Стипе Месиќ кој престојува во дводневна официјална посета на Македонија, денеска во Битола треба да го отвори почесниот конзулат на Хрватска во тој град. Предвидено е Месиќ да го посети и археолошкиот локалитет Хераклеа. Месиќ кој вчера разговараше со македонскиот државен врв и имаше обраќање во Собранието, синоќа во Скопје, како што јавуваат агенциите, се сретнал со косовскиот премиер Агим Чеку. На средбата, до која дошло по барање од Чеку, се разговарало за текот на процесот за утврдување на идниот статус на Косово.
XS
SM
MD
LG