Достапни линкови

Скопје: Македонија и Шведска потпишаа договор за реадмисија


Владите на Македонија и на Шведска денеска во Скопје потпишаа договор за преземање лица со незаконски престој на територијата на двете држави. Ова е двеаетти договор за реадмисија што го потпиша Македонија. Четиринаесет од нив се со членки на Европската Унија. Овие договори, заедно со системот на интегрирано гранично управување и издавањето нови лични документи се дел од условите кои Македонија треба да го исполни за либерализирање на визниот режим на Унијата за македонските граѓани.
XS
SM
MD
LG