Достапни линкови

logo-print

Будимпешта: Со антивладини протести се одбележува 50-годишнината од антисоветската револуција


Под силно полициско обезбедување и со антивладини протести денеска во Будимпешта продолжи одбележувањето на Пеесет годишнината од Унгарската антисоветска револуција. Опозицијата веќе еден месец бара оставка од кабинетот на премиерот Ференц Ѓурчањи поради неговата изјава дека ги лажел гласачите во предизборната кампања. Инаку денеска, пред парламентот во Будимпешта беше оджана церемонија на подигање на унгарското знаме на која присуствуваа и триесетина странски државници.
XS
SM
MD
LG