Достапни линкови

Атина: Фрлени молотови коктели врз полициска станица и зградата на ОТЕ


Непознати лица фрлија седум молотови коктели врз полициска станица во атинскиот кварт Зографу, јави грчката агенција АНА - МПА. Друга група од десет млади лица запалила канти за отпадоци и фрлила молотови коктели пред зградата на грчкиот ОТЕ во Атина. При инцидентите нема жртви и нема предизвикани материјални штети.
XS
SM
MD
LG