Достапни линкови

Софија: Претседателски избори во Бугарија


Претседателски избори се одржуваат денеска во Република Бугарија, на кои 6,446 милиони избирачи ќе гласаат за вкупно седум кандидати. Актуелниот претседател Георги Прванов убедливо водеше во сите предизборни анкети и е најсериозен кандидат за победник на овие избори. Лидерот на националистичката партија АТАКА, Волен Сидоров се наоѓаше на второ место во последните анкети. Шансите за победа на Прванов се дотолку поголеми, заради разиденост на десницата, која го кандидитареше поранешниот претседател на уставниот суд на Бугарија, Неделчо Беронов. Изборите се одвиваат од 06 до 19 часот на вкупно 11.400 избирачки места.
XS
SM
MD
LG