Достапни линкови

Стратешкото партнерство со САД останува, но секој има свој сојузник во ЕУ


Премиерот Никола Груевски неодамна беше во тридневна посета на официјален Берлин. Во мегувреме пак хрватскиот премиер Иво Санадер се сретна со американскиот претседател Џорџ Буш при што тој изјави дека Америка силно ја подржува Хрватска за влез во НАТО.Македонија која заедно со Албанија и Хрватска е членка на Јадранската група не беше спомената.

Овие настани кои се случија минатата недела го отвараат парашањето дали новата влада го менува курсот во однос на стратешките партнерства и за разликата од минатата која беше свртена кон САД актуелната се повеке партнерите ги гледа во Европа. Од владата велат дека односите со Соединетите Американски Држави воопшто не треба да се проблематизираат. Партнерството со САД останува врвен приоритет. Не се работи за промена на стратегијата и останува политиката со САД со тоа што секој си има свој сојузник во Европската унија, а Германија е особено важна земја членка на Унијата а со тоа и подршката од нив е исклучително важна- тврдат од владата.

Но, сепак експертите во изјавите на американскиот врв забележуваат извесна доза на несигурност и промена на мислењето кога се работи за оценување на реформите во Македонија. Имено професорот од катедрата за одбрамбени и мировни студии Трајан Гоцевски деновиве на оваа тема за Радио Слободна Европа изјави:

„Има, има мислам дека во изјавите ја менуваат малку оценката. Моето мислење е дека Соединетите држави како водечка сила и во НАТО и воопшто на глобален план останува стратешки партнер на Македонија и мислам дека не го имаат напуштено тоа, меѓутоа сепак оценката на претседателот на САД Џорџ Буш значи давање приоритет на Хрватска во тој процес.“

Професорот Лазар Лазаров од Факултет за општестевни науки пак со став дека партнертсвото на Македоноја со Германија не може да го загрози партнертсвото со САД туку како што вели само да го зацврсти

„САД и по Првата и по Втората Светска Војна во Германија гледала еден заштитник од продирањето на руското влијание и идеолошко и политичко во Европа така што сметам дека и сега се игра уште по позитивна улога во развојот на односите и со Германија и со ЕУ, а од друга страна воопшто не би влијаела негативно во нарушувањето на односите и партнерството на Македонија и Соединетите Држави.“
XS
SM
MD
LG