Достапни линкови

Вашингтон: Средба на Буш со водечките генерали на американската армија


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Вашингтон ќе се состане со водечки генерали на американската армија во врска со тоа дали е потребна промена на тактиката со цел да се запре ширењето на насилството во Ирак. ,,Победата во Ирак е од витално значање за безбедноста на идните американски генерации. Остануваме во Ирак и ќе победиме,, изјави Буш, кој е соочен со жестоки критики откако само во текот на овој месец во Ирак загинале седумдесет и пет американски војници.
XS
SM
MD
LG