Достапни линкови

Багдад: Шиитите и Сунитите се согласија околу документот за завршување на верските насилства


Ирачките шиити и сунити се согласија околу документот кој повикува на завршување на меѓуверските насилства во земјата. Ова беше соопштено синоќа во Мека по состанокот на двете страни спонзориран од Организацијата на исламската конференција. Документот, како што е прецизирано, бил инспириран од историскиот исламски текст во кој се забранува насилство меѓу муслиманите. Агенциите се сомневаат дека овој документ ќе биде спроведен, бидејќи на состанокот во Доха не учествуваа претставници на највлијателните муслимански групи во Ирак, на ајатолахот Ал Систани и на радикалецот Ал Садр.
XS
SM
MD
LG