Достапни линкови

Белград: Независноста на Косово ќе предизвика дестабилизација на Македонија и Црна Гора


Претседателот на Србија Борис Тадиќ во интервју за агенцијата Асошиетед прес изјави дека неговата партија ќе победи на наредните избори кои се планирани за кон крајот на годинава. Според него, тоа пак ќе значи и апсење на поранешниот генерал Ратко Младиќ. Тадиќ смета дека независноста на Косово ќе има негативни последици на Балканот.,,Првата последица ќе биде дестабилизацијата на Македонија и на Црна Гора. Секој кој мисли дека независноста на Косово ќе стави крај на сецесионистичкитте процеси на Балканот, се лаже,, вели Тадиќ.
XS
SM
MD
LG