Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Посета на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс


Кинескиот пратеник Танг Џијаксуан кој се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил и соопштил денеска во Пекинг на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс дека таа средба не била бескорисна. Тој додал дека на состанокот во Пјонгјанг станало збор за обновување на шестпартитните преговори. Рајс е на консултации со кинеското раководство околу примената на резолуцијата за санкции против Северна Кореа која соопшти дека извршила нукеарна проба. Рајс оцени дека пробата претставува сериозна провокација и закана за меѓународниот мир.
Најмалку четириестина луѓе загинале во најновите насилства во повеќе ирачки градови, јавуваат агенциите, прецизирајќи дека најиопасно било во Мосул и Киркук каде што зачестиле нападите со автомобили бомби. Во меѓувреме, американските сили во Багдад ја преиспитуваат можната тсратегија како да бидат спреќени меѓуверските судири во градот.
XS
SM
MD
LG