Достапни линкови

Работниците и Синдикатот реагираат дека не се информирани под кои услови ќе се користат картичките


Неизвесност, неинформираност и главно несогласување, се реакциите на вработените во јавната администрација, кои по одлука на Владата, платата од следниот месец наместо досегашното користење на тековните сметки, ќе ја добиваат на платежна картичка. Како ќе се користи платежната картичка, ќе биде ли дозволено минусно салдо што сега им го овозвоможуваа тековните сметки, што најчесто го користеа при немањето избор да се ,,врзе крај со крај,, во месецот, се главните дилеми меѓу вработените во јавната администрација:

„Мислам дека полошо ќе биде. Јас сега користам и чекови и картица, така да имам две можности. Ако немаш чекови, земаш од картичка и така се покриваш и имаш поголеми можности.“

„Со укинување на чековите, значи воопшто да немаме чекови, се губи некако сигурноста, се прави преголема зависност од банките.“


Велат неколкумина вработени во јавната администрација. Реагираат и на тоа дека требаше да им биде оставен подолг тест период, а не за новите правила ултимативно, како што велат да бидат известени само преку оглас во дневниот печат во кој е објавена ваквата одлука на Владата.

„Воопшто не сме информирани. Добро ќе беше да оставеа простор, односно тој преоден период да се пролонгираше, а не како што испадна, заклучно од први почнуваме со новиот систем, а кој колку е подготвен не не интересира.“

Со сите овие дилеми, а главно со жестока реакција дека Владата не ги информирала и во Сојузот на синдикати. Со забелешката дека е предоцна, сепак оттаму информираат дека оствариле средба со претставници на Министерството за финансии при што побарале одложување на процесот и ги информирале за несогласувањата на нивното членство:

„Имаме бројни реакции од нашето членство бидејќи не се знае, дали ќе се наплаќа одредена камата, дали за услугите ќе се наплаќа некаква провизија и колку ќе изнесува... Ветувањето од Министерството за финансии беше дека ќе ги разгледаат нашите забелешки и дека повторно ќе се сретнеме доколку има потреба.“

Изјавува Пеце Груевски портпарол на Сојузот на синдикати. Прецизни услови под кои ќе се користат платежните картички засега не се познати. Од Министерството за финансии не информираа дека условите за користењето на картичките, ќе биде оставено на утврдување од страна на банките.
XS
SM
MD
LG