Достапни линкови

Ерхард Бусек нов советник на македонската влада


Специјалниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бусек е новиот советник на македонската влада. Ова непосредно по средбата со Бусек, го соопшти премиерот Никола Груевски:

„Убедени сме дека тој ќе даде значаен придонес со своите совети, идеи и контакти во работењето на владата и во приближувањето на Македонија кон ЕУ.“

Бусек кој деновиве престојува во Скопје, изрази задоволство од понудената функција и вети дека ќе и помогне на Македонија на патот кон Европскта Унија.

„Како советник на Владата на РМ, ке ја искористам сета моја мреза и позицијата цво пактот за да го поттикнам развојот во вашата земја. Македонија ја напуштам со убаво чувство за некјзината иднина и ке направиме се што можеме за нејзин развој,“

изјави Бусек

Груевски и Бусек разговатрале за трансформацијата на пактот за стабилност во регионален совет за соработка, како и за спроведувањето на програмата на македонската влада. Бусек притоа ја потенцираше важноста на економскиот развој
На Македонија.

„Разговаравме за неколку мерки. Мислам дека даночнире реформи се многу важни, зголемувбањето на инвестициите и намалување на стапката на невработеноста какои и важноста на Македонија како крстосница меѓу север и југ и исток и запад,“

изјави Бусек

Упатените велат дека олеснување на визниот режим, инвестиции на граничните премини, но најмногу од се отворањето на балканските економии меѓусебно и заедничко поттикнување во процесот на евроинтеграциите, се засега најголемите придобивки кои Македонија ги има од оваа меѓународна организација

Во моментот Македонија нема свој претставник во Пактот за стабилност. Оваа функција до неодамна ја вршеше актуелната миннистерка за евроинтеграции, Габриела Конеска Трајковска која беше и политички советник на Ерхард Бусек.
XS
SM
MD
LG