Достапни линкови

logo-print

Ред е да се стави ред во градежништвото


Во вој момент најголем дел од градоначалниците имаат доставено детални извештаи за состојбите со градењето во нивните општини, информира министерството за транспорт и врски. Крајно време е да се стави ред во градењето и во купувањето на становите, одговараат општините на барањето од владата да достават информации за сите градби што се одвиваат на нивна територија.

„Не само што е во ред ваквото инсистирање на владата, туку треба да биде и приоритет на владата. Редно е урбаната мафија да ја нема од општините каде што гради. Ред е да се стави ред.“

„Акцијата ја поздравувам.“


велат Тони Чупоски од општината Кисела Вода и Љупчо Стојчев од општина Битола.

Општините воглавно потврдуваат дека на барањето од Владата одговориле на време иако се работело за детални информации во врска со градбите. Министерите за транспорт и врски , за локална самоуправа и државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на 26 септември побараа од градоначалниците во земјава во најкус можен рок да утврдат дали издадените решенија за локациски услови и одобренијата за градба на станбени и деловни објекти се издадени согласно законската процедура.

Крајниот рок за доставување на извештаите истекува утре , но според информацијата од министерството, до сите општини што тоа нема да го направат, Министерството за локална самоуправат и Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво ќе достават ургенција во која ѓе предвидат рок од уште 5 дена за доставување на потребните информации., се вели во информацијата од министерството за транспорт и врски. По пристигнатите информации од општините координативно тело составено од трите институции ќе ги разгледува податоците До градоначалниците исто така е побарано и да остварат контрола на градбите кои се во тек и да извршат увид во издадената документација и во реалната состојба на лице место.

Општината Кисела вода најавува дека во исдина ќе се понуди себеси како гарант во процесот на купувањето на становите на нивната територија.

„Општината подготвува проект, каде на идните купувачи, општината ќе им гарантира, дека станот што го купиле граѓаните, навремено ќе се вселат во него. И нормално, ќе има инспекција во надзорот на градењето,“

вели Чуповски.
XS
SM
MD
LG