Достапни линкови

Туркменистан: До четврток ќе бидат ослободени 10 илјади затвореници


Претседателот на Туркменистан Сапармурат Нијазов изјави дека до четврток ке ослободи 10 илјади затвореници. Меѓу нив, според Нијазов ќе бидат и 8 лица кои биле дел од опозициониот заговор за негово убиство пред 4 години. За разлика од другите затворени заговорници, изјави претседателот на Туркменистан, овие 8 мина се покајале.
XS
SM
MD
LG