Достапни линкови

Пекинг: Кина ја засили контролата на граничните премини кон Северна Кореа


Кинеските цариници од денеска, како што јавуваат агенциите, ја интензивирале контролата на граничните премини кон Северна Кореа, откако во саботата Советот за безбедност на Обединетите Нации воведе санкции против таа земја. Кина е главен трговски партнер на Северна Кореа и ефикасноста од санкциите во голема мера зависи од тоа како Пекинг ќе ја спроведува резолуцијата на Советот за безбедност. Во меѓувреме, агенцијата на Обединетите Нации за исхрана предупреди дека милиони севернокорејци, поради санкциите, ќе се соочат со големи проблеми да ја преживеат зимата.
XS
SM
MD
LG