Достапни линкови

logo-print

Хановер: Околу 22.000 жители евакуирани поради бомби од Втората светска војна


Околу 22.000 жители на германскиот град Хановер денеска се евакуирани од своите домови за да можат стручните служби да решат проблем со три бомби заостанати од Втората светска војна, соопшти локалната полиција. Локалните медиуми јавија дека бомбите биле фрлени за време на бомбардирање во октомври 1943 година. Градските власти на почетокот од месецов ги известија граѓаните дека специјалните служи денеска ќе се обидат да ги деактивираат или да ги детонираат бомбите. Две бомби се пронајдени на една зелена површина, а третата е откриена во близина на една куќа. Во Германија се уште многу често се откриваат заостанати бомби од Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG