Достапни линкови

Караѓорѓево: Средба Црвенковски - Тадиќ


Македонскиот и српскиот претседател, Бранко Црвенковски и Борис Тадиќ вечерва во Караѓорѓево имаа билатерална средба на која станало збор за меѓусебните односи и соработка меѓу двете земји. Во тој контекст било изразено задоволство од степенот на досегашната соработката и доверба. Двајцата претседатели меѓусебно се информирале и за актуелните состојби во Македонија и Србија. При тоа Тадиќ го запознал Црвенковски со процедурата околу донесувањето на новиот устав, како и за изборите кои би следеле. Црвенковски и Тадиќ размениле мислења и за актуелните прашања во регионот. Двајцата претседатели на средбата договориле меѓусебната комуникација да продолжи и во наредниот период.
XS
SM
MD
LG