Достапни линкови

Пекинг: Притисок врз Северна Кореа за враќање на шест партитните преговори за нуклеарната програма


Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Алексеев, кој го посети Пјонг Јанг, денеска во Пекинг изјави дека извршил притисок врз Северна Кореја да се врати на 6-партитните преговори за нејзината нуклеарна програма. Алексеев не соопшти други детали, освен дека разговорите со северно-корејските претставници биле корисни. Во меѓувреме, дипломатите од 5-те постојани членки на Советот за безбедност ги продолжуваат консултациите за нацрт резолуцијата со која ќе се воведат санкции против Северна Кореја поради нуклеарниот тест. Според дипломатски извори, во резолуцијата нема да биде содржана закана за употреба на сила против Северна Кореја, главно поради противењето ан Русија и на Кина.
XS
SM
MD
LG