Достапни линкови

Москва: Русија ја поздрави резолуцијата на ОН за продолживање на мисијата во Грузија


Русија ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со која, за уште 6 месеци е продолжена посматрачката мисија на Светската организација во Грузија, а грузиската влада се повикува да се воздржи од провокативни акции во абхазискиот регион. Грузискиот претседател Михаел Саакашвили оцени дека резолуцијата нема влијание врз владината контрола на околу 30 насто од територијата на Абхазија и изрази надеж дека во иднина Грузија, низ преговори, ќе ја воспостави власта и во останатиот дел на таа република.
XS
SM
MD
LG