Достапни линкови

Мухамад Јонус добитник на Нобеловата награда за мир


Годинашната Нобелова награда за мир ја доби Мухамад Јунус, како и неговата организација Грамен Банк која дава заеми за сиромашните, објави Норвешкиот Нобелов Комитет пред еден час во Осло.

Нобеловата награда за мир годинава ја добија шеесет и шест годишниот Мухамед Јунус и неговата пионерска банка што ја формира пред триесет години со цел да се бори против сиромаштијата во неговата земја Бангладеш.

„Норвешкиот нобелов комитет реши Нобеловата награда за мир во две илјади и шестата година да биде поделена на два еднакви дека меѓу Мухамад Јунус и Гармен банката за нивните напори да создадат економски и социјален развој од дното.“

Изјави претседателот на Норвешкиот комитет Оле Данболт Мјоес, додавајќи:

„Траен мир е невозможно да се постигне се додека поголеми групи на насление не најдат патишта да ја победат сиромаштијата.“



Во соопштението на Комитетот се прецизира дека Јунус и банката Грамен ја добиле наградата поради напорите тоа да го прават преку микро заеми за најсиромашните луѓе во Бангладеш. Инаку, освен Јунус во конкуренција од сто деведесет и една личност или организација за Нобеловата награда, меѓу другите, беа и специјалниот пратеник на Обединетите Нации за статусот на Косово Марти Ахтисари, индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудојоно и Движењето за ослободување на провинцијата Ачех, сите за мировниот договор што во август минатата година беше потпишан во Хелсинки, а со кој заврши судирот во кој во изминатве триесет години загинаа над петнаесет илјади луѓе. Покрај за Ачех, шеесет и девет годишниот поранешен претеседател на Финска Ахтисари активно учествуваше и во преговорите за Намибија и за поранешна Југославија. Големи шанси за добивање на престижната награда имаше и поранешниот шеф на австриската дипломатија Гарет Еванс кој сега е на чело на Меѓународната кризна група, невладина организација со седиште во Брисел која прави анализи со цел решавање на судирите во светот. Тој беше номиниран поради централната улога во обновата на Камбоџа и Виетнам. Во најтесниот избор беше и кинеската активистка Ребија Кадер, мајка на единаесет деца и водечка фигура во движењето за заштита на правата на ујгур народот, турско муслиманско малцинство кое живее на северозападниот дел на Кина. Поради нејзината активност оваа милионерка во илјада деветстотини деведесет и деветата година беше осудена на осум години затвор. Одлежа пет години и сега живее во егзил во Соединетите Држави. Како фаворити беа спомнувани и поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел и рокерите Боно и Боб Гелдоф. Минатогодишните добитници на Нобеловата награда за мир беа Меѓународната агенција за атомска енергија и нејзиниот шеф Мохамед ел Барадеи за нивните напори насочени кон спречување на обидите нуклераната енергија да биде искористена за воени цели. Нобеловата награда за мир е во вредност од милион триста и седумдесет милиони долари.

„Мојата номинација за Нобеловата награда за мир е признавање од страна на меѓународната заедница на страдањето на ујгур народот и на кинеското авторитарно владеење.“

Повеќето од овој народ живее во кинеската Ксинјианг автономна провинција која кусо време во илјада деветстотини триесет и третата и меѓу четириесет и четврата и четириесет и деветата година беше дел од Источната туркестанска република.
XS
SM
MD
LG