Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Советот за безбедност на ОН ќе расправа за санкциите против Иран


Претставници на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации плус Германија постигнале согласност во врска со можните санкции против Иран заради неговата нуклеарна програма. Стејт департментот соопшти дека е договорено иранскиот случај да се најде пред Советот за безбедност кој треба да превземе акција против Иран поради одбивањето да прекине со збогатувањето ураниум. Меѓутоа, меѓу постојаните членки на Советот за безбедност и натаму има разлики во врска со тоа какви санкции треба да бидат применети.
XS
SM
MD
LG