Достапни линкови

Славењето на празниците под влијание на политиката, велат експертите


Славењето настани и личности од историјата, веќе подолго време го определува политичката клима. Така по 90-тите години пред празниците кои се однесуваат на НОБ во преден план дојдоа националните дејци од историјата на македонскиот народ. Се јавија реакции дека тоа е предимензионирано, се рехабилитираа и имиња кои во престојниот период беа исфрлени од македонскиот календар, вели професорот Тодор Чепреганов од Институтот за национална историја коментирајќи ги пресвртниците во календарот на настани и личности од историјата до кој дојде по 90-тите години:

„Тој период некои настани кои беа од национално револуционерниот период беа занемарени, меѓутоа по 90-тите години во преден план дојде до славење на повеќе национални настани од историјата. Сега сето тоа е смирено и сите тие празници си добија свое место во македонската историја меѓутоа од 1990-та година па досега државата има влијание врз славењето на тие настани, многу се политизираат, можете да бидете сведоци дека кога има некој настан, а кога се на власт едната партија, другите недоаѓаат и обратно.“

Тоа е култура на историскиот континуитет на еден народ кој има или нема изградено доволно однос кон своето минато и кон неговите вредности, вели аналитичарот Хисен Рамадани:

„Ние сеуште сме во таа фаза во која што кога настапува една нова фаза ги запоставуваме сите вредности што ги имала претходната фаза, мислејќи дека ова сега што настапува носи само добро или очекуваме да биде претежно добро.“

Со ова се согласуваат многумина, според кои новиот наплив на вредности го наметнува политичката клима:

„Зависи од партијата.“

„Мислам дека се движи од една крајност во друга. Определени групи се залагаат да ги заборавиме оние настани од поблиската историја и да се фокусираме на оние од подалечната историја.“

„Јас моите деца ги учам да гледаат партизански филмови. Мојата тетка била партизанка и јас тоа со гордост го кажувам.“
XS
SM
MD
LG