Достапни линкови

Токио: Северна Кореја извршила уште една нуклеарна проба, пишуваат јапонските медиуми


Јапонскиот медиум НХК изутрината јави дека Северна Кореја веројатно извршила уште една нуклеарна проба, но официјални преставници во Јапонија, Јужна Кореја и Соединетите Држави велат дека нема докази за тоа. Кина, инаку вчера им се приклучи на ставот на светските сили за цврст одговор на северно корејскиот нуклеарен тест. Кина не ги отфрла санкциите, но како и Русија се противи на воена акција. Францускиот министер за одбрана Мишел Ели Мари изјави дека тестот продуцирал толку мала експлозија што, ако навистина е нуклеарна тогаш била неуспешна.
XS
SM
MD
LG