Достапни линкови

Според експертите струите во партијата се премногу моќни за да може да се очекува брза консолидација


Смената на лидерот Владо Бучковски и на органите на партијата на конвенцијата на СДСМ на која недоверба изразија 332 делегати наспроти 200-те, неветува лесна разврска внатре во партијата во однос на поставеноста на двете струии, оценува Ило Трајковски професор на Филозофскиот факултет:

„И двете се прилично моќни струи и не сум убеден дека и двете струи ќе можат да опстојуваат една покрај друга, внатре во СДСМ освен ако тоа официјално не го допушти фракционерството. Според тоа мислам дека неоптимистички човек може да гледа за перспективата на оваа партија.“

Дане Талески од Институтот за демократија се согласува дека консолидирањето во редовите на СДСМ неможе да се случи во скоро време, но смета дека вистинската разврска околу внатрешниот идентитет треба да ја даде престојниот Конгрес:

„Доколку има други кандидати освен Шеќеринска, а би требало да има во една демократска процедура, тоа би значело нови поделби, па дури после тоа следи консолидацијата на партијата и дури потоа може да размислуваат да ги засилат своите позиции.“

Според Трајковски од друга страна промените во СДСМ со смените на лидерската и раководната позиција неотвораат пат кон нов концепт туку доминираат кадровските промени во врвот:

„Ако оваа структура која сега е победничка можела да побуди промена, таа можела да издејствува и до сега како таква. Не сум убеден дека со тој кадровски потенцијал, како што и вчера слушнавме дека нема да пречи влијание од оваа или онаа личност, дека ќе се отвори процес за инволвирање на СДСМ како современа политичка партија.“

Талески пак вели:

„Смената на лидерот и на целокупното раководство ќе значи понатаму и смена и реформи во самата партија кој и да дојде на власт значи идниот лидер ќе ги наметне својата визија и своите идеи, и некоја нова програма и платформа кои што партијата ќе треба да ги следи. Така да мислам дека промената во партијата небеше само формална на лидерот туку се работи за некои посуштински промени во самата партија.“
XS
SM
MD
LG